СДСМ за Звицер: Како ВМРО-ДПМНЕ има информации кои ги немаат Интерпол и Европол?

од Vladimir Zorba
204 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ, како потврден креатор на лажни вести уште еднаш, по којзнае кој пат е демантирано“, реагираат од СДСМ на соопштението на опозициската партија, кои претходно обвинија дека му е даден македонски пасош со друго име на Радивоје Звицер, кој, според српските институции, организирал атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Дезинформациите пласирани од Белата плата дека на лице кое правело заговор за атентат врз српскиот претседател му бил издаден македонски пасош се демантирани од Министерството за внатрешни работи.

Ако ВМРО-ДПМНЕ има информции дека конкретното лице има македонска патна исправа со друго име, нека ја сподели со инситуциите, но поважно ќе биде да соопшти од каде таа партија има информации кои ги немаат ниту Интерпол ниту Европол.

ВМРО-ДПМНЕ во текот на полициската акција „Двојник“ правеше неуспешни обиди да ја саботира, пласирајќи информации, додека акцијата беше во тек.

Свесно со лаги и манипулации ја загрозуваа истрагата. Но не успеаја.

Случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“, се додава во реакцијата.