СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

од Nikola Popovski
21 прегледи

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори.

Од денес, 30.04.2025 година, започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори. Во таа насока, велат од партијата, Централниот одбор го усвои правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидатите на СДСМ.

-Преку отворена, инклузивна, транспарентна и демократска внатрепартиска постапка, СДСМ заедно со своето членство ќе ги избере најдобрите кандидати за локалните избори. Целта е СДСМ да биде претставена од способни и кредибилни личности, кои уживаат доверба и во својата околина, и меѓу сопартијците, но и од граѓаните кои живеат во општините. Луѓе кои можат да испорачаат резултати и имаат капацитет да ја спроведат програмата со која партијата ќе настапи пред граѓаните, стои во соопштението.

Исто така, Централниот одбор го овласти претседателот на партијата, Венко Филипче да оствари разговори со постојните коалициски партнери на СДСМ, како и со потенцијални нови коалициски сојузници за настап на локалните избори.

-Централниот одбор на СДСМ оцени дека непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта, координирано вршат притисок врз градоначалниците од редовите СДСМ. Тоа го сметаме за тенденциозен политички притисок и претставува злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. СДСМ со сите механизми кои ги има на располагање ќе го штити интегритетот на нашите градоначалници и ќе ги брани демократските стандарди и приници, стои во партиското соопштение.

Слични содржини