СДСМ:Груевски повторно сака да ги задолжи граѓаните со нови 500 милиони евра!

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Пред заминување од власта Никола Груевски сака да ги задолжи граѓаните на Македонија со дополнителни, нови 500 милиони евра!

prime-minister-nikola-gruevski

Со одлуката за нова евро-обврзница од половина милијарда евра Груевски сака неговите расипнички и недомаќински политики да ги натовари на грбот на сите граѓани во Македонија.

За Никола Груевски не е доволно тоа што за речиси 10 година има потрошено над 25 милијарди евра од буџетот, пари на граѓаните. Неговото расипништво не може да го задоволи па постојано ги задолжува граѓаните.

Задолжувањето на Македонија веќе надминува 50% од БДП што е катастрофален показател.

Човекот којшто е главен реализатор на шемите од типот „немаме за леб а даваме за чоколадо“, Зоран Ставревски, ги крие вистинските информации колку многу Груевски ги задолжи граѓаните на Македонија во изминатите 9 години.

Но, дури ниту нивната дрскост да ја променат методологијата за пресметка на висината на јавниот долг, не може да ги покрие катастрофалните резултати. И со промената на методологијата долгот на Македонија постојано расте!

Реалноста е поразителна, Македонија одамна го има надминато прагот на задолженост.

На иднинте генерации, на младите, Никола Груевски им остава само нови и нови, огромни долгови., пишува во соопштението на СДСМ