СДСМ:Ние сме за, а очекувано е ВМРО-ДПМНЕ намерно да кочи, влече и блокира за да нема избори годинава !

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Очекуваме многу сопки  проблематизирања на договореното, но друг пат нема, мора да се дојде до фер избори, и мора  тие да бидат победени на  фер  и кредибилни избори. Она што беше големата грешка на договорот досега, го исправивме, а тоа е првин минимум неопходни  реформи,  потоа да се провери се тоа, и дури тогаш да се разговара за датум за избори, соопштија преговарачите на СДСМ на деншниот брифинг  со новинарите.

преговори

Веќе е прочитана стратегијата на ВМРО ДПМНЕ, ќе играат јавно дека се за избори а же прават сопки и одлагања се со цел да ги спојат со локалните избори  наредната година и да биде тоа истовремено со парламентарните. Беше речено дека ставот на СДСМ е да се оди на избори  на крајот на 2016 и никакво одлагање за спојување со локалните избори. Добро е што сега се постави контролен период  со лидерска средба заедно со меѓународните гарантори  на 31 август.

Од СДСМ велат дека постои ризик до 31.август да не се исполнат условите или некој од нив да се проблематизира намерно. Се сомневаат дека од ВМРО- ДПМНЕ намерно ќе кочат со исполнување на дел од условите со цел да нема избори до крајот на годинава, а одговорноста да ја префлрат на опозицијата со продолжување на спинот дека се е исполнето но СДСМ ете се плаши да излезе на избори.Тоа ќе биде таа стратегија на ВМРО ДПМНЕ, го знаеме тоа велат од СДСМ

Но, добро е  што се е лесно проверливо и мерливо, ќе се види  дали се направени промените, и токму затоа се фокусиравме само на овие неколку точки,  иако треба многу што до конечни реформи. Во анализата,  за сработеното на  маса ќе учествуваат и странците. Доколку нема избори оваа година, според СДСМ тоа ќе значи дека следните би биле во 2017, но повторно без исполнети услови, односно повторно се ќе се влече наново целиот процес,отоврање на пандорината кутија , што е неприфатливо за сите кои и мислат добро на Македонија..

Ние сме апсолутно како опозиција   да има избори до крај на годинава, тврдат од СДСМ и токму поради тоа се откажавме  од условот 6 месеци да има  преодната Влада која ќе ги спроведе изборите, и се согласивме  на 100 дена само за да има избори  до крајот на оваа година.

Јасно е дека се не е сторено со  медиумите и потенцираат дека решението со ад-хок телото не е посакувано решение и од нивна страна, имале други идеи, но нема ништо посуштествено што може да профункцира во овој краток период. Главен уредник за МТВ не е се но е нешто за да се доде со поголема избзалансираност и  најавија дека и за ова ќе побараат предлози да дојдат  од медиумската зедница или сами да се пријавуваат експертите , и се надеваат дека вистиските конечни реформи ќе се случат како што е договорени по изборите според препораките на Прибе. Засега  ќе бараат  помасовно учество од медиумската заедница и експертската јавност   во Ад хок телото и пријави за главен уредник на информативната програма на МТВ

За специјалното судско одделение, велат дека тоа не било дел од пакетот во овие преговори. Судстство ќе се реформира согласно препораките од Прибе, по изборите.

Најголеми препреки  и подметнувања во преговорите биле за позицијата и ингиренциите на првиот човек на МВР и замениците министри . Извлечено е максимум со овој договор , имајќи ја предвид спремноста за секаков тип на блокади од страна на  ВМРО-ДПМНЕ.Ќе се оди со истите имиња и предлози, кои беа и во првиот состав на пржинската влада.

Очекуваме многу опструкции и спинувања за целисходноста , и спроведување на договорот, но немаме намера да се откажуваме, и  ова се некаков минимум услови за спроведување на фер и кредибилни избори кои мора да се спроведат до крајот на оваа година, порачаа од СДСМ

Слични содржини