Уредникот Груевски шири лаги и невистини на своите медиуми
Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на
Западен Балкан, според Репортери без граници. Состојбите со контролата врз медиумите се
најдоа и во меѓународните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, на ЕУ, во Извештајот на експертската
група на Рајнхард Прибе.
Никола Груевски не може против вистината.

СДСМ, опозицијата и граѓаните на Република Македонија никогаш не биле толку единствени и
мотивирани како сега. Целиот слободарски народ во Македонија е обединет против Никола
Груевски и неговите лоши политики.
Дури и самиот Груевски многу добро ја знае оваа вистина. Јасно му е дека неговото заминување
е незапирлив процес.
Нарачаните лаги коишто ги пласираат медиумите на Груевски уште еднш ја потврдуваат неговата
контрола врз нивната уредувачка политика и целосно задушената слобода на медиумите.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ помина во крајно позитивна атмосфера за што има и
видео коешто медиумите на Груевски не смеат да го пренесат.
Уреникот Груевски шири лаги и невистини на своите медиуми.
Доволно е граѓаните да ги погледнат неговите вести да го видат очигледното, Груевски е во
паника којашто повеќе не ја ниту крие.
Затоа СДСМ ќе ја обезбеди слободата во медиумите.
По 24-ти април, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде
загарантирана., пишува во соопштението на СДСМ