Се активира вулканот Попокатепетл по речиси 30 години: Исфрла пепел и вжештена лава (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Мексико во саботата издаде предупредување дека вулканот Попокатепетл има зголемена активност од 15 мај и забележува стотици потреси и исфрла чад и пепел.

Надлежните издадоа предупредување граѓаните да не се приближуваат на помалку од 12 километри.

Меѓународниот аеродром Бенито Хуарез (AICM) во Мексико Сити беше привремено затворен во саботата, а некои летови беа одложени во понеделникот поради присуство на вулканска пепел.

Исто така, наставата беше прекината во училиштата во 40 општини во Пуебла, пет општини во државата Мексико и седум во Тласкала.

Да потсетиме, вулканот беше заспан со децении се додека не еруптираше во 1994 година. Оттогаш неговиот татнеж стана дел од секојдневниот живот на жителите.

Слични содржини