Се бара излез од политичкиот ќорсокак: Широка владина коалиција или предвремени избори?

од Destan Jonuzi
281 прегледи

Пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов во јавноста ја пласираше идејата за широка владина коалиција, за, како што вели, државата да може полесно да се справи со предизвиците од екномската и енергетската криза. Од друга страна опозиционите партии, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА сметат дека едиствен излез за подобро справување на земјата со тековните кризи се предвремените парламентарни избори.

Политичките аналитичари сметат дека во ова кризно време на државата не и се потребни предвремени парламентарни избори, додека опцијата за широка владиниа коалиција вреди да се разгледува.

Енвер Салихи

Енвер Салихи

– Имајќи ја во предвид новонастанатата светска криза сметам дека избори во оваа време се непотребни и водат само кон трошење на драгоцени средства кои би се пренасочиле кон закрепнување или создавање на мерка која ќе помогне на економијата. Партиите треба да се соединат во една заедничка Влада која мудро ќе мисли за граѓаните и ќе има двотретинско мнозинство за носење на одлуки како отварање на Уставот и секако заеднички да се истурка до наредните редовни избори, изјави за „Локално“, Енвер Салихи- политиколог и поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК).

Од друга страна, политичкиот аналитичар, Урим Салиу вели дека во Северна Македонија продолжува да има Влада која се бори за својот опстанок. Тој нагласува дека земјата е среде економска кризи, вклучително и политичка, како што истакнува Салиу, од постојаните судири меѓу власта и опозицијата.

Урим Салиу

Урим Салиу

– ВМРО-ДПМНЕ бара референдум против договорот со Бугарија и тоа уште повеќе ја усложнува ситуацијата, иако партијата на Мицкоски вели дека ја поддржува интеграцијата на Македонија во Европската унија, сепак е контрадикторна преку овој ист референдум. СДСМ му се обраќа на својот политички противник со етикети дека Референдумот е против ЕУ, и дека нема да успее, па со еден збор ВМРО-ДПМНЕ според нив нема да успее. Општо земено решение мора да се смисли на средина. Тогаш има две варијанти. Првата е предвремени избори и втората е проширена влада. Предвремените избори во моментов не се решение, но единствениот политички ќорсокак што може да се реши меѓу партиите е преку проширена коалиција, изјави Салиу за „Локално“.

Мухамед Халили


Политичкиот аналитичар Мухамед Халили смета дека не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција.

– Неспорно е дека земјата е во економска и управувачка криза како што и цел свет е во економска, финансиска и енергетска криза. Излезот засега не го гледам ни во превремени парламентарни избори, ниту во широка владина коалиција. Широката коалиција ќе се создаде два табаора во иста влада и тогаш ќе се создаде нефункционална Влада и блокирани владини институции, изјави Халили за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини