Јавното обвинителство бара да се одземе пасошот и да се воведе обврска за повремено јавување во судотк ако мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за кого се води истрага за злоупотреба на службената положба.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, во тек се активности од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција
-Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за злоупотреба на службената положба Основното јавно обвинителство Скопје започна претходна постапка против едно лице поради основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во тек се активности од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Двете институции ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа, стои во соопштението од ОЈО.