Верувам дека ќе најдеме решенија во најбрз можен рок и јавно ќе ги соопштиме, порача денеска премиерот Зоран Заев откако со неносењето на Законот за лични карти во Собрание, десетици илјади граѓани не можат да извадат или да ги обноват истечените лични карти.
-Законот за лични карти е блокиран затоа што последните измени, кои беа на предлог на БЕСА со одложено дејство до 2023 година, се блокирани од Левица. Ние сме демократија и еве партија со два пратеника може да ги блокира процесите заради тоа што законите и Деловникот на Собранието тоа го дозволуваат. Овие денови сме принудени да бараме решение за сите оние граѓани апликанти за нова лична карта заради истечена или за првпат добивање лична карта или слично. Бројката е околу 40.000, рече Заев.