Во отсуство на итно преземање одговорност за автомобилот бомба која експлодира во средата вечерта во сообраќаен метеж крај колона воени камиони, сомневањата најверојатно ќе паднат пред се врз борците на Курдската работничка партија (ПКК), кои од минатото лето учествуваат во обновен, со низок интензитет конфликт со турската армија и силите за безбедност. Кажаното така, такво сомневање може и да не е точно.

Би било невообичаено за ПКК, која се стреми кон поголема автономија за претежно курдските етнички области во југоисточна Турција, да организира операција “надвор од територијата”, како кај овој случај и да нападне во срцето на турската држава. Близу до местото на експлозијата се канцеларијата на премиерот и парламентот, како и воен штаб. Од друга страна ПКК редовно избира за цели сили на безбедноста или армијата, а не цивилни цели. Таа спокојно би можела да се оцени како оправдана цел воен конвој од автобуси кои превезуваат воен персонал. Ако се докаже одговорноста на ПКК за нападот, тоа ќе биде интерпретирано како директор одговор на кампањата од воени дејствија, апсења и прогласување на полициски час во курдските области кои следеа по ненадејниот неуспех на примирјето во јули минатата година. Битката се засили во декември и доведе до ескалација на судирите, вклучувајќи и околу Дијарбакир минатиот месец, во кој загинаа 20 курдски милитанти и 3 турски војници. Над 600 членови на ПКК загинале во последните борби, покажуваат официјални информации. Курдски политички лидери и групите за човекови права велат дека над 200 цивили исто биле убиени, а илјадници – раселени. Ахмет Давутоглу – труският премиер, кој ја откажа посетата на Брисел, по нападот – изјави минатиот месец дека операциите за безбедност против ПКК не се завршени.
“Процесот во најголем дел е завршен . Но ситуацијата нема да биде како кај старите операции, престанок по чистење на улиците. Ќе постои методичност за присуство за безбедност. Целта е воспоставување на јавен ред …, при што ниедна нелегална структура да не може да ја преземе контролата врз улиците.
” Но не беше договорено нов прекин на огнот со ПКК, мировните преговори со нејзиниот затворен водач Абдула Оџалан беа прекинати и избувнувањето на непријателство продолжуваат спорадично. Ако ПКК ја поставила во средата бомбашката стапица за војската, тоа ќе послужи како потсетник за Давутоглу и останатите дека овој конфликт од 40 година, кој е одговорен за смртта на 40 000 луѓе, сосема не е завршен.

Обвиненија против ПКК во конфузија на работите е природна реакција на владата. Кога бомбаши-самоубијци нападнаа мирен протест во Анкара во октомври, при што беа убиени повеќе од 100 лица, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган премногу брзо ги обвини Курдите. Неговата реакција се покажа политички мотивирана. Излезе дека терористи од Исламска држава стојат зад Октомвриската злосторство. Сега повторно екстремисти од ИД од Сирија или група симпатизери од Турција ќе паднат под сомневање. Друга можност е сојузниците на ПКК во Сирија – Курдскиот демократски сојуз (КДС) и неговото вооружено крило – определено за заштита на народот (ОЗН) може да се вмешани во експлозијата. Турската армија ги стрека позиции на ОЗН во северна Сирија во последните неколку дена, откако дојде до напредок на Курдите во територијален аспект. Напредувањето на ОНЗ е поддржана од руската воздушна моќ дел од поширока борба за власт меѓу Анкара и Москва за контрола во иднина како целина – и поконкретно врз нејзините курдски области. Ако ОНЗ се одговорни, тоа би изгледало како голема ескалација и провокација, што може да се покаже како активирањето често споменуваните како закана, но сеуште не започнала, турска воена интервенција по копно во северниот дел на Сирија. Говорејќи по нападите во октомври Давутоглу спомена уште две организации освен ПКК и идентификацијата како виновници – Револуционерната народна ослободителна армија-фронт (РНОА-Ф) и марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (ПК) .Но како турски екстремистички националистички групи, ниту една од нив нема во историјата големи напади. Кој и да предизвикал експлозијата на автомобилот, турската јавност може да биде последната која ќе разбере , благодарение на наметнатата од владата забрана за медиумите да објавуваат во името на националната безбедност. Како и во минатото, овие ограничувања ќе поттикнат теории на заговор и тврдења на официјалната реторика, и може да направи само тешкотии до стигнувањето до вистината.
…………………………….
Коментарот на Симон Тисдал е објавен во. “Гардијан”.