Се бара замена за лидерот на УЈП Горан Трајковски ?

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Владата распиша оглас за нов директор на Управата за јавни приходи, на чие чело сега е Горан Трајковски

 231c2bd7fb11008fb2e7d39571fa3add_L1-540x304

Причината за нивните смени според информациите на порталот  centрanews,  била партиска нетрпеливост помеѓу функционерите во ДПМНЕ, посебно по објавувањето на прислушуваните разговори.Горан Трајковски го имаше во тие аудио снимки, како преку телефон предизборно прима наредби инспектори на УЈП да казнуваат дуќанџии и кафулиња во Прилеп и Струмица, затоа што биле блиски до опозицијата. Пред дестина денови во Струга среде бел ден беше убиен неговиот заменик Артан Муслиу. Партијата на Ахмети се огради дека  убиениот заменик директор е нивно кадровско решение. Владата на Груевски не излезе во јавноста со објаснување кој го предложил на таа функција. Останаа без одговор и  информациите во медиумите дека контроверзниот бизнисмен  Артан бил кадровско решение на врвот на ВМРО ДПМНЕ.

. Ќе се избори ли досегашниот прв даночник, инаку клучен играч во многу „опасни маневри“ на власта, како затворањето на телевизијата А1, казнувањето дуќанчиња со казни како за интернационални компании без да побара измени на законите за уште еден мандат, или „комисијата“ веќе решила дека треба да биде жртвуван и големата дилема и за лидерот и за директорот?