Се бојкотира конгресот на ВМРО ДПМНЕ за наследникот на Груевски

од Vladimir Zorba

Димовски, Ставревски,Милошовски, Пешевски, Тодоров, Попоски, Змејковски…

Повеќе видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, поранешни и сегашни функционери го бојкотираат вонредниот Конгрес на партијата којпочна синоќа а продолжува и денска во Валандово.

 Во салата во Домот на културата синоќа не се појавија Антонио Милошоски и Илија Димовски кои го најавија своето отсуство, но таму ги нема и Борис Змејковски, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Никола Тодоров и Никола Попоски.

На Конгресот приустни се лидерот во оставка Никола Груевски, како и дел од неговите најблиски соработници, како што се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, кои ќе гласаат за избор на нов лидер на партијата.

Единствен кандидат на Конгресот е сегашниот генерален секретар Христијан Мицкоски., кој  пред почетокот на работата на 16. Конгрес на партијата  изјави дека очекува да се соберат потребниот број делегати.

– Искрено очекувам дека ќе дојдат потребниот број на делегати денес на првиот ден на работа на Конгресот и согласно статутот и во текот на утрешниот ден, рече Мицковски, единствен кандидат на конгресот за лидерската позиција во најголемата опозициска партија.

Мицковски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека насоките врз кои ќе почива идната политика на ВМРО-ДПМНЕ доколку биде избран за претседател на партијата ќе ги образложи утре пред делегатите на 16 вонреден Конгрес.

За најавениот бојкот од страна на високи партиски функционери Мицковски рече дека тоа се исклучителни луѓе, кои извршувале високи функции во партијата со одличен успех, кои имаат додадена вредност на партијата, и кои имаат потенцијал да помогнат на партиските политики.  – Во периодот што претстои не само што има подадена рака, туку и прегратката е отворена и за сите добронамерници и граѓани на кои политките на ВМРО-ДПМНЕ им се блиски да помогнат затоа што сведоци сме последниве седум месеци е период на закани, уцени на Владата предводена од СДСМ, а мене лично ме загрижува безидејноста во насоките каде оди државата, рече Мицковски.

Тој не го смета за црна дамка отсуството на негови сопартијци, туку напротив смета дека тоа зборува за демократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан за очекувањата и лојалноста на пратениците кои се потпишаа за иницијативата за демократизација на партијата, Мицковски рече дека поголем дел од нив ги видел во конгресната сала.

ВМРО-ДПМНЕ во Валандово го одржува 16. конгрес, по повлекувањето на Никола Груевски од лидерската функција.

За да почне да работи Конгресот потребно е присуство на две третини од вкупниот број 544 делегати. Единствениот кандидат за да биде избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ треба да добие поддршка од мнозинството од вкупниот број делегати. Во спротивно целата изборна постапка се повторува.

Делегатите денеска треба да го разгледаат и Извештајот за финансиско-материјалното работење 2015-2017. Синоќа, зад затворени врати делегатите разговараа за актуелната состојба на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини