Се бришат здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, велат од Централниот регистар

од Nikola Popovski
166 прегледи

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централниот регистар.

Од таму велат дека рокот за усогласување истекува денес – 16.02.2023.

-Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ број 52/10, 135/11 и 55/16), кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката за неусогласеност од страна на Министерството за правда се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, посочуваат од Централниот регистар.

Во соопштението се додава и дека до нив на ден 10.02.2023 година е доставен допис од клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид.

-На Допис – барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации.

Во текот на утрешниот ден, Централниот регистар ќе достави список на здруженија кои понатаму треба да бидат предмет на анализа од страна на Министерството за правда. Дополнително, Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации, стои во текстот од Централниот регистар.

Слични содржини