„Се будев сред односи на кои не се согласив“: Шокантна исповед на европска шампионка

од Nikola Popovski
123 прегледи

Ана Пелетеиро, шпанска атлетичарка, реши да проговори за злоставувањето кое го доживеала во врската со нејзиниот поранешен партнер.

Актуелната европска шампионка во трискок и бронзен медалист на Олимписките игри во Токио открила низа потресни детали.

Таа сакала да ја подигне свеста за злоупотреба и да им помогне на жените кои минуваат низ нешто слично.

„Ќе се разбудев навечер среде секс на кој не се согласував. А сепак останав со него. Се промени апсолутно сè кај мене, од облеката до фризурата, начинот на кој се однесував со семејството, се дистанцирав од многу луѓе. А сепак останав“, посочила Шпанката

Таа сфатила дека врската се распаднала, а заедно со тоа страдала и од прељуба.

„Ми рече дека нашата врска ќе биде уништена ако немаме секс кога тој ќе посака. Ми велеше дека тие што не јадат дома јадат надвор и дека не треба да се чудам ако подоцна ме изневери. А сепак останав. Се враќаше од патувања со белези по целото тело и ми кажуваше дека тоа се каснувања од бубачки што можеби биле под душекот. А сепак останав“.

Била обвинувана дека е луда и на тој начин се бранела од очигледната прељуба. Вели дека трпела тешко психичко насилство.

Пелетеиро реши да го остави мрачното минато далеку од неа, а денес е среќно мажена за атлетичарот Бенџамин Компаоре и имаат ќерка.

Слични содржини