Се чека до 40 минути за влез во Грција

од Nikola Popovski
255 прегледи

Утрово граничниот премин „Богородица“ повторно преплавен од автомобили. Во просек од Македонија во Грција возилата чекаат околу 40 минути.

На граничниот премин „Табановце“ има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според камерите на ЈП Државни патишта, гужви и колони со патнички возила на ГП „Богородица“ имаше и во текот на деновите од изминатите денови, особено во утринските часови.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Оттаму препорачуваат да се избергнува брзо возење, да се почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слични содржини