Се чека ред како за леб и млеко: Љубители на фудбалот во албумот „Панини“ ќе лепат сликички од Пандев, Елмас…

од Берта Китинска

„Уште од 8:00ч наутро за албум повеќе и сликички од Panini за Европското првенство во фудбал, се чека ред како за леб и млеко на времето во Драгстор (трговски центар) и СЛАВИЈА…“напиша на својот Фејсбук профил пејачот на „Нокаут“, Никола Перевски-Пере .

Имено во Светот на Панини, во 11-та книга за налепници на ЕУРО, оваа година, колекционерите љубители на фудбалот ќе имаат можност да лепат сликички и од фудбалерите на Македонската фудбалска репрезентација.

Македонската фудбалска репрезентацијата, во албумот е претставена на две страници со 20 сликички за играчи и логото на Фудбалската федерација на Македонија.

Помеѓу 654-те полиња за сликички на 97-те страници на албумот, ќе се најдат и нашите Горан Пандев, Елиф Елмас, Столе Димитриевски, Бесарт Ибраими, Езџан Алијоски, Енис Барди и останатите играчи од тимот кој е помеѓу 24-те нации учеснички на финалето во Европското првенство во фудбал кое ќе се одржи ова лето.

 

Слични содржини