Се чисти коритото на реката Црн Дрим (ВИДЕО)

од Берта Китинска
447 прегледи
АД ЕСМ подолго време го прилагодува нивото на водата и испустот од Охридското Езеро во Црн Дрим заради овозможување услови за темелно чистење на коритото на реката Црн Дрим, кое се прави првпат после 50 години како заедничка акција на повеќе субјекти.
За таа цел АД ЕСМ го намали и целосно го запре производството на електрична енергија на своите хидроцентрали кои користат вода од дотекот на Дрим.
Со овој проект ќе се исчистат 14.000m3 талог од речното корито, што значително ќе го намали ризикот од излевање во периоди на зголемен водостој, а со тоа ќе го заштити населението во градот, како и населбите и земјоделските површини по течението на Црн Дрим.

Публикувахте от АД ЕСМ в Вторник, 13 октомври 2020 г.

 

Слични содржини