Се додека Нејмар игра фудбал, ќе има резервирано место во бразилскиот тим, сигурен е капитенот на Барселона

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Капитенот на Барселона, Рафиња, кој постигна еден од головите во победата на Бразил над Колумбија од 2-1 зборуваше за важноста на неговиот сонародник Нејмар, кој неодамна се врати во родниот Сантош.

„Се додека Нејмар игра фудбал, ќе има резервирано место за националниот тим. Тој продолжува да биде важен. Тој е личност со влијание и на теренот и надвор од него. Тој може да донесе повеќе големи работи во „Селесао“. Можеме да си помогнеме еден на друг да ги постигнеме нашите големи цели“, изјави Рафиња за „Франс Фудбал“.

Рафиња открива дека му биле потребни повеќе од два месеци за да се опорави од поразот од Хрватска во пенал рулетот на последното Светско првенство.

„Тоа беше тажен момент, вистински шок за мене. Бевме многу силни, бевме убедени дека ќе одиме далеку. Беше болно, но учиме од грешките. Следната година ќе бидеме подобро подготвени и ќе се обидеме да правиме што помалку грешки“, изјави напаѓачот за учеството на Бразил на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Слични содржини