По седум години минати на „Енфилд“, се чини дека времето на Вирџил ван Дајк во Ливерпул е при крај. Холандскиот дефанзивец не постигнал договор за нов договор и се чини дека на лето ќе го напушти клубот како слободен играч.
Преговорите за продолжување на неговиот договор траат подолго време, но никогаш не доведоа до позитивен резултат. Тоа значи дека Ливерпул ќе го загуби не само својот капитен, туку и десетици милиони евра, бидејќи Ван Дајк ќе си замине без трансфер сума. Ситуацијата станува уште потешка, бидејќи во слична позиција е и Трент Александар-Арнолд, кој исто така може да си замине без обештетување.
И покрај ударот, „црвените“ веќе работат на доведување на неговата замена. Според информациите од Англија, фаворит за позицијата е Пјеро Хинкапи од Баер Леверкузен. 22-годишниот Еквадорец се наметна како клучна фигура во одбраната на тимот од Бундеслигата и има 37 настапи, три гола и две асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.
Се очекува Ливерпул да ги забрза преговорите за Хинкапи, бидејќи претстојното заминување на Ван Дајк и евентуалното ослободување на Александер-Арнолд ќе бараат сериозни промени во одбранбената линија на тимот.