403
Откако медиумите објавија дека таа ќе посвои дете, се огласи и портпаролот на холивудската актерка Џенифер Анистон. Гласините започнаа во Европа откако тимот на „Пријатели“ повторно се собра по долгото чекање да сними специјална епизода за HBO Max.
После тоа, еден куп таблоиди објавија дека 52-годишната Џенифер Анистон, за време на собирот, им ја доверила среќната вест на своите поранешни колеги од сетот дека е во процес на посвојување дете.
Сепак, се покажа дека сè е лага.
Нејзиниот портпарол ги негираше тие натписи, истакнувајќи дека споменатите тврдења се чиста измислица.