
Една од најпопуларните пејачки на денешницата, Лејди Гага организира концерт буквално за целиот свет, што ќе се одржи денес, 18 април, а ќе се емитува во живо преку телевизија и социјални мрежи.
Всушност, со свирката наречена „Еден свет“, Лејди Гага сака уникатно да им оддаде признание на здравствените работници кои го ризикуваат своето здравје среде борбата против коронавирусот и генерално ја подигнуваат свеста кај луѓето за пандемијата.
На овој специјален настан ќе има и некои од најголемите имиња во музичкиот свет како Тејлор Свифт, Пол Мекартни, The Killers, The Rolling Stones, Џенифер Лопез, Малума, Шон Мендес, Били Ајлиш, Сем Смит, Елтон Џон, Андреа Бочели, Кејси Масгрејвс, Џон Леџенд, Џенифер Хадсон и многу, многу повеќе.
Сите настапи ќе бидат изведени на оддалечени локации и ќе бидат емитувани од водечки радиодифузери како што се CBS, ABC, NBC и BBC, а програмата ќе ја водат Стивен Колберт, Џими Кимел и Џими Фалон.
6-часовната емисија ќе може да се види на видеото подолу, како и на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и ЈуТјуб и на официјалната веб-страница на Светската здравствена организација.
Гледањето на концертот е бесплатно затоа што Гага собра 35 милиони долари од донатори, поканувајќи ги сите во светот да се приклучат.
„One World“ концертот наликува на претходните големи настани како што е Live Aid, хуманитарен концерт против гладот во Африка. Организиран е во 1985 година од Гелдоф и Миџ Уре, пејачот на Ултравокс. Се одржа на два стадиони, Вембли во Лондон и ЏФК во Филаделфија.