Сè е завршено: Сити го доведе првото летно засилување за 70 милиони евра

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Манчестер Сити дефинитивно се согласи на доаѓањето на своето прво засилување во летниот преоден рок, откако постигна договор за трансферот на Тијани Рејндерс од Милан.

Рејндерс одамна се согласи на трансфер во „граѓаните“, а сега гигантите од Сан Сиро дадоа зелено светло, кои, според Фабрицио Романо, ќе добијат дури 70 милиони евра отштета.

Остануваат само формалности додека не се заврши трансферот, а наскоро ќе бидат закажани медицинските прегледи на Холанѓанецот на „Етихад“.

Рејндерс така ќе го напушти Милан по две години, каде што пристигна од АЗ Алкмар за 20,5 милиони евра.

Вкупно, Рејндерс одигра 104 натпревари за Милан, постигнувајќи 19 гола и регистрирајќи девет асистенции. Тој има 22 настапи за Холандија.

Слични содржини