Се гласа во Дебар, излезноста е речиси 29% до 15 часот

од Nikola Popovski
337 прегледи

Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината.

Од Државната изборна комисија (ДИК) соопштија дека на 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19.211 гласачи.

„Од пристигнатите податоци од 99,92% од избирачките места, до 15 часот излезноста на гласачите изнесува 28,97 отсто. До 15 часот поднесени се 8 приговори за заштита на личното избирачко право. Истите се прифатени“, информираат од ДИК.

Слични содржини