Се гради модерна градинка на најголема површина во државата, прва во општина Центар по половина век

од Nikola Popovski
221 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со градоначалникот на општината Центар, Горан Герасимовски беше на локацијата каде што се изведуваат градежните работи за новата градинка „Пролет”, што се гради во истоимената населба Пролет, во општината Центар во Скопје.

Што премиерот ова е инвестиција од околу 2,5 милиони евра за првата детска градинка што се гради по 50 години во општина Центар.

„Значи и изградба на градинка на најголема површина досега, на над 3.200 метри квадратни. Капацитетот за згрижување во градинката е за 150 деца од оваа општина“, посочи Ковачевски.

На теренот, каде што се гради градинката е констатирано дека досега се завршени 40 проценти од градежните работи, а според најавеното, се гради модерна градинка по сите современи стандарди: со 9 занимални; со предвидена зелена површина на околу 2.000 квадратни метри; со надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето и со лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето со што се запазува инклузивноста во воспитно-образовниот процес; со кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо приготвена и здрава храна; со просторија за лекар со можност за изолација на дете, доколку е тоа потребно од здравствен аспект; со просторија за стручни соработници.

„Со овој градежен зафат, се решава огромен, неколкудецениски проблем за родителите во населбата Пролет, кои досега мораа да наоѓаат начини да ги носат децата во градинки во соседните населби. А во план е, како што најави градоначалникот Герасимовски, изградба и на уште една детска градинка во близина на населбата Пролет – во Маџир Маало, со што во целост ќе се задоволат потребите за згрижување дечиња од овој реон во општината Центар“, рече премиерот Ковачевски.

Тој ја поздрави работата на Герасимовски, оценувајќи дека, како и Владата, чијшто приоритет се граѓанските потреби – и тој ја насочува работата на општината Центар кон создавање услови за поквалитетен живот на граѓаните.

Градоначалникот објасни дека проектот е овозможен со ревидирање на Деталниот урбанистички план, со којшто, на местото каде сега се гради градинката била предвидена изградба на објект на локална самоуправа.

„Вцртаниот објект се избриша и се замени со оваа прекрасна предучилишна образовна установа за дечињата“, рече Герасимовски.

Слични содржини