Се гради нов Прифатен центар за странци, финансиран од ЕУ

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Со цел подобрување на моменталните расположливи услови на постоечкиот Прифатен центар за странци, во тек е изградба на нов објект на Прифатен центар за странци, финансиран со средства од ЕУ во рамките на Националната ИПА програма за 2016 година, чиј главен корисник е МВР.

Според препораките на бројни меѓународни организации задолжени за заштита на човековите права, како и од Народниот правобранител како Национален превентивен механизам, нотирана во Посебниот извештај за состојбите во Прифатниот центар за странци во Гази Баба доставен во 2019 година, неопходно беше „Да се преземат конкретни мерки и активности за што е можно побрза дислокација на Центарот во друг соодветен објект“, што практично значеше изградба на нов објект на Прифатниот центар за странци, кој ќе ги исполнува сите стандарди за престој на лица, но и безбедносните стандарди за нормално функционирање, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Станува збор за еден единствен објект, со ист капацитет како постојниот, на соодветна локација надвор од населено место, во близина на обиколницата, на неколку километри оддалеченост од населеното место Бардовци, а ќе биде усогласен со меѓународните норми и стандарди, по примерот на исти вакви центри во земјите од регионот. Сместен на североисточната страна од локацијата, затворен со свој двор, сообраќајници и пристапи, односно затворениот простор е со опфат помал од 20% од целокупната локација која е на располагање. Затворен со свој двор, со потполно имплементирани современи мерки во однос на безбедноста.

Целокупната локација е обезбедена со безбедносна ограда која претставува надворешен заштитен појас, а освен оваа ограда се формира и втор појас на заштитна ограда околу самиот објект, формирајќи на тој начин сопствен круг околу објектот со свои интерни улици за пристап, со цел беспрекорно функционирање на овој центар како посебна издвоена целина, додава Спасовски.

Слични содржини