Се изведуваат докази од Обвинителството, продолжува судењето за „Шпански скали”

од Берта Китинска
258 прегледи

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Шпански скали”.

Се изведуваат документи и известувања од Министерството за транспорт и врски, од општина Центар и од компанијата „Амадеус девелопмнет” ДООЕЛ – Скопје, а поврзани со одобрението за градба и банкарските гаранции.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Елизабета Јосифовска.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.
Следното рочиште е закажано за 2 март годинава.

Слични содржини