Се „крчка“ трансфер во Барса: Халанд на „Камп Ноу“ за 150 милиони евра

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Агентот Мино Рајола и таткото Ерлинг Халанд слетаа во Барселона во четвртокот на преговори со истоимениот гигант, пренесува весникот „Спорт“.

Веднаш по пристигнувањето, ги чекаше човек на Жоан Лапорта и ги однесе на преговори со првиот човек на Барселона.

Халанд е обележан како главна цел на новото раководство на Каталонците, особено што влијателните Рајола и Лапорта имаат пријателски односи.

Норвежанецот е исто така во фокусот на Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, но Барселона сега го направи првиот конкретен потег.

Халанд би дошол на „Ноу Камп“ следното лето и со тоа би започнал нов проект на Барселона, што може да значи останување на првата sвезда Лионел Меси.

Останува да се види колку би можел да чини трансферот, Борусија бара астрономски 180 милиони евра, додека Барселона е подготвена да понуди 150 милиони.

Ако „стисна раце“, тоа ќе биде меѓу трите најголеми трансфери во историјата на фудбалот …

Слични содржини