Се кршат копјата околу овој гол: Дали Борусија Дортмунд се оштетени? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
423 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Сити ја победија Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но навивачите на германскиот клуб веруваат дека нивниот миленик е оштетен.

Поминале само половина час игра во првото полувреме кога голманот на Сити, Едерсон ја примил топката, а Џад Белингем бил во близина и се обиде да му ја украде.

Како што Едерсон сакал да ја шутне топката што подалеку, тој не успеал, а Белингем бил побрз и чуварот на мрежата на „граѓаните“ ја шутнал ногата на играчот на Борусија наместо топката.

Тоа не го спречи Белингем, кој продолжи кон голот и ја смести топката во мрежата, но тој веднаш беше поништен од судијата Овид Хацеган поради наводен фаул над Едерсон, кој по ударот паднал на тревата.

Поради овој напад, германските навивачи се побунија тврдејќи дека им е поништен регуларен гол.

Во тој момент веќе беше 1:0 за Сити по голот на Кевин Де Брујн, а Борусија израмни во 84-та минута со голот на Марко Ројс.

Сепак тоа не донесе реми, бидејќи во 90. минута Фил Фоден го реши мечот во корист на сините од Манчестер.

Слични содржини