Се менува прагот на репрезентативноста на синдикатите – ќе биде пет отсто

од Nikola Popovski
32 прегледи

Ќе се менува прагот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5 проценти. Откако пратениците од Комисијата за труд и социјална политика се сретнаа со синдикалните лидери на неколку организации ќе поднесат предлог за измени во Законот за работни односи. Според претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации, Марјан Ристески смета со ова голем дел од синдикатите ќе можат да учествуват во економско-социјалниот дијалог. Се надева дека ќе има и други измени.

Заради можноста која ќе се отвори со овие измени, задоволни се и другите синдикати присутни на работната средба.

Пратениците кои ќе ги предложат овие измени, велат дека добро би било и ССМ да била присутна на состанокот бидејќи имало покана и до тој синдикат.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски уверува дека овие измени ќе се носат во скратена постапка и сметаат дека со тоа ќе се демократизира синдикалното дејствување. Прашан зошто не присуствуваат претставници на ССМ, Стојаноски одговори дека лично го поканил претседателот на ССМ, кој одговорил дека во самиот синдикат ќе заземат заеднички став, а поканата останува отворена и за средба со претставниците на ССМ.

Слични содржини