Синди Крафорд важи за еден од најубавите и најплатените модели досега, а штом се појави привлече големо внимание.
Иако денес не се занимава активно со манекенство, одвреме-навреме повторно шета по модните писти, а често го воодушевува светот со својот изглед.
Сега на интернет кружи нејзината фотографија направена во 1990 година, кога Синди позираше за познатиот „Вог“, а фотографиите ги овековечи модниот фотограф Патрик Демаршелие.
Cindy Crawford 1990.
Sve na njoj je jeftino, a ona izgleda preskupo, nedodirljivo…💎 pic.twitter.com/nu8nTezsGT— Bojan Andrejić (@andrejic_bojan) October 14, 2023
Имено, на социјалната мрежа Х некој објави фотографија на која Синди се шета во прилично краток фустан кој ја открива нејзината долна облека, но и блескавото деколте. Долгите црни ракавици и ефектниот накит го комплетираа нејзиниот изглед, а токму ова издание на познатата манекенка предизвика расправа.
„Сè на неа е евтино, а таа изгледа прескапо, недопирливо…“, напишала личноста која ја објавила фотографијата.
И додека многумина се согласија со ова, тврдејќи дека Крафорд е вистински пример за „елегантна жена“, други сепак сметаа дека фотографијата е несоодветна и дека моделот „изгледа секако, само не прескапо“.