Се надградува „Сејф сити“: Еве од кога да очекуваме да стигаат првите казни „честитки“ на домашна адреса!

од Nikola Popovski
709 прегледи

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски вчера информира дека веќе почнуваат да се преземаат дејствија во однос на надградба на камерите на „Сејф сити“ поставени на сообраќајниците низ Скопје.

-Со одредена измена на законски решенија кои што ни претстојат, сакаме да овозможиме еден европски систем на мониторинг и надзор на сите прекршочни постапки, со цел да го исклучиме човечкиот фактор и да нема индивидуално влијание на Петре, Трајче, Јанко…Имам еден интересен пример: Имам кумашин кој што живее во Германија и работи како доктор. Кога станува збор за возење, кога е во Германија вози како сааат, но кога ќе дојде овде, некако не му е баш едноставно почитувањето на безбедносните сигнали и правила. И кога ќе го прашам зошто, ми вика: Таму не можеш да си играш со законот – ако возиш 53 км на час, те евидентира камерата и ти стига на домашна адреса. После две, три казни и ти ја земаат возачката дозвола. Зошто и ние да не го направиме тоа? Зошто да не го кренеме степенот, рече Тошковски во емисијата „Клик плус“.

Министерот информира дека во моментов камерите снимаат, но за потребите на МВР, а не да се казнуваат граѓаните.

-Се уште немаме соодветни законски решенија кои би ни овозможиле ова да го заокружиме, истакна Тошковски, додавајќи дека во текот на наредната година (почетокот на 2025) ќе профункционира системот, за почеток на територија на град Скопје.

Слични содржини