143
Џеси Лингард, кој остана без клуб, е во напредни преговори со Нотингем Форест, пренесе Гардијан.
Интересно, според изданието, повратникот во Премиер лигата се согласил да ги плаќа барањата на фудбалерот од 180.000 фунти неделно, што е 9,36 милиони годишно.
Англискиот играч последен пат беше дел од Манчестер Јунајтед, но во јуни си замина како слободен играч.
Досега во летото интерес за него покажаа Њукасл, Евертон, Вест Хем, како и клубови од Америка и Саудиска Арабија.