Се намалува бројот на членовите и висината на надоместокот во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Денеска Владата на РСМ го усвои и ќе го предложи во собраниска процедура предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој го намалуваме бројот на членови и висината на надоместокот во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски.

• Секој управен одбор на јавно претпријатие ќе содржи максимум седум, односно пет членови, во зависност од бројот на жители на општината во која дејствува, додека секој надзорен одбор ќе биде составен од 3 членови.

• Надоместоците за членовите на управните одбори нема да бидат повисоки од половина од просечната плата, а надоместоците на членовите на надзорните одбори ќе изнесуваат максимум една третина од висината на просечната плата на вработените во јавното претпријатие.

„Ги надминуваме детектираните слабости, бираме стручни кадри кои ќе работат транспарентно и професионално и го рационализираме и контролираме трошењето на државните средства“, додава тој.

Слични содржини