Бројот на смртни случаи и новозаразни со коронавирусот се намалува во Италија, каде се потврдени 553 смртни случаи во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство. Инфекција со коронавирус во последните 24 часа е потврдена кај 16.308 лица.
Ден претходно починале 674 лица од последиците од инфекцијата, а биле заразени 17.992 лица.
Во изминатите 24 часа биле тестирани 176.185 лица.
Досега, 68,447 луѓе починаа од последиците од Ковид-19 во Италија, а заразени се близу 1,94 милиони.