Се намалува инфлацијата, синдикалната минимална кошница се зголемува – за август 49 345 денари

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49 345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец јули за 725 денари.

-Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 1,9 отсто, оценува Сојузот.

Слични содржини