250
Четворица новозаразени се вметнати во најновата ковид статистика во Велес. Регистрирани се 23 оздравени лица, а во моментов активни се 636 лица, информираше Весна Николовска Неделкова, инаку в.д. директор во ЦЈЗ.
Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 38, од кои 25 се потврдени позитивни,еден непотврден, негативни се 12, а на кислородна поддршка се 14 пациенти.
Поседниве денови бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид во болница е во опаѓање. Денеска од болницата се испишани четворица пациенти. На Инфективно има 29 и на Физикална три слободни кревети, а места има и на двете Ковид одделенија.