Се намалуваат бројките: 61 новозаразен со Ковид-19

од Nikola Popovski
219 прегледи

Според последните информации од Министерството за здравство во последните 24 часа, регистрирани се 61 нов случај на Ковид-19, од 678 тестирања.

По градови, билансот е 35 случаи во Скопје, седум во Кавадарци, по три во Тетово, Прилеп и Штип, по два во Охрид, Струга и Кочани и по еден случај е регистриран во Куманово, Гостивар, Велес и Крива Паланка.

Регистрирани се 440 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5 , Берово – 5 , Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2 , Неготино – 2 , Ресен – 2 ,Виница – 2 , Богданци – 2 , Охрид – 1 , Свети Николе -1 , Радовиш – 1 , Демир Хисар -1 и од Пехчево – 1.

Досега во земјава се направени вкупно 457.019 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 678 тестови.

Слични содржини