Се обидел да поткупи полицаец, приведен Албанец на граничниот премин „Блато“

од Берта Китинска
203 прегледи

Денеска во 13:10 часот на граничниот премин Блато, на влез во Република Северна Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија. При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете.

А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија-Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини