Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска пред Самитот на ЕУ истакна дека Унијата е пред одлучувачки момент, геополитички важен, бидејќи ќе се носат одлуки во полза на стабилноста и просперитетот.
Тој изрази уверување дека на Самитот на ЕУ ќе биде донесена одлука за статусот на кандидатите за Украина и Модлавија, како и јасна европска перспектива за тие две земји и Грузија.
„Имаме важен состанок со лидерите на Западен Балкан и постои желба да внесеме нова енергија во нашиот процес. Имаме проблем во моментов во Бугарија и се обидуваме да ставиме предлози на маса за да можеме што поскоро да ги започнеме пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Тоа е наш главен приоритет сега и ќе направиме се за да постигнеме напредок во тоа“, им рече Мишел на новинарите.
Тој, исто така, рече дека сите напори што БиХ ги презема на патот кон ЕУ имаа позитивни ефекти за намалување на тензиите и дека ЕУ ќе направи се за да ги направи институциите во земјата функционални.
„Овој самит е од геополитичко значење, бидејќи ќе носиме одлуки во корист на стабилноста и просперитетот. Западниот Балкан е приоритет за нас и ќе се посветиме на внесување нова енергија во процесот на интеграција“, нагласи Мишел.