Се обновува паркингот на „Петар Поп Арсов“, лоциран зад Вучко

Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 метри квадратни.

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Службите на Општина Центар интензивно работат на обновување на паркинг просторот на улицата „Петар Поп Арсов”, лоциран зад Вучко.

Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 метри квадратни.

По завршувањето на градежните работи, следува обележување на паркинг- местата, по што просторот ќе биде целосно функционален и подготвен за користење.

Реновирањето на паркингот се изведува на барање на жителите во рамки на караванот „Се гледаме во маало”, кои се соочуваат со хаотичната состојба при паркирањето и недостиг на паркинг-места.

„Со уредувањето и обележувањето на овој паркинг-простор им излегуваме во пресрет на потребите на центарци, овозможувајќи организирано и поефикасно паркирање. Целта ни е да создадеме безбеден и уреден простор, со современи стандарди и подобра пристапност,” рече градоначалникот Герасимовски.

Со овој зафат, Општина Центар продолжува со инвестиции во подобрување на урбаната и комунална инфраструктура.