СЕ ОЧЕКУВА НАПАД ВРЗ КАБУЛ: Талибанците пристигнале на 20 километри од главниот град

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Талибанците ги продолжија своите офанзиви во источните и североисточните делови на земјата, освојувајќи уште двe провинциски престолнини.

Падна Шаран во провинцијата Пакита, од каде владините сили побегнале на самата појава на талибанците.

Окупиран е и главниот град на провинцијата Кунар – Асадабад. Гувернерот и владините сили им се предадоа на талибанците без да испукаат куршум.

Талибанците од рано утро се во офанзива во правец на Кабул. Борбите се водат во градот Мидан Шахр, на само 20 километри југозападно од главниот град на Авганистан. Се очекува градот да падне во наредните часови, по што патот за Кабул ќе биде отворен за талибанците.

Во моментов, талибанците контролираат 20 од 34 провинции.

Американските сили (два баталјона маринци и пешадиски баталјон) се очекува да пристигнат во Кабул вечерта на 15 август, а 600 британски војници ќе им се придружат.

Нивната задача е да обезбедат заминување на нивните државјани.

Слични содржини