Пресудата за случајот „Ласкарци“ ќе биде објавена денеска, откако минатиот месец во Основен кривичен суд Скопје, се изведоа последните завршни зборови од постапката која започна во 2019 година.
Автобуската несреќа се случи во 2019-та година, а во неа животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.
Обвинети во случајот се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.
Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.
Одбраната на обвинетите во завршните зборови потенцираше дека во доказната постапка не се докажал товарот што им се става на товар на секој од обвинетите посебно и побараа ослободителна пресуда.
Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.
Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.