Шпанското ГП може да постави нов рекорд во посетеност овој викенд, бидејќи интересот за трката во Барселона е исклучително голем. Интересот за Формула 1 расте во светот, а во татковината на Фернандо Алонсо и Карлос Саинц овој тренд е уште поизразен.
Вчера наутро останаа незначителен број билети за викендот, а организаторите се пофалија дека на патеката „Каталонија“ составиле неколку нови привремени трибини. Но, билетите за најдобрите и најпопуларните трибини одамна се распродадени, како и сите други стартови во Европа оваа сезона.
„За трката во недела очекуваме повеќе од 100.000 гледачи на трибините“, изјави директорот на патеката Хозе Луис Сантамарија. „Повеќето билети што ги продадовме се за цел викенд и многу од навивачите ќе бидат тука од утрото.
Викендов многу интересни се подготвителните серии на Формула 1 – женското првенство W серијата, како и рундите во Формула 2 и Формула 3.
Организаторите на трката во Шпанија потсетија дека таков интерес за трката во Барселона последен пат имал во 2006 и 2007 година – во 2006 година Алонсо ја освои својата втора титула во Формула 1, а во 2007 година ја започна сезоната како светски шампион и возач на Мекларен.
Сантамарија додаде дека најголем дел од навивачите на трибините ќе бидат Шпанци, но како и обично ќе има многу навивачи од Британија, Франција и Холандија, така што на патеката викендов ќе бидат присутни и „портокаловите армии“ на Макс Верстапен.