Се одложи судењето за случајот „Триста“

од desk2
92 прегледи

Судењето за случајот „Триста“ против поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски беше одложено за 28 декември.

На денешното рочиште требаше да биде сослушан докторот кој му ја издал дијагнозата на Поповски како и независен судски вештак од областа на психијатријата со цел да се утврди дали обвинетиот може да ги следи судските рочишта.

Поради заштита на правата за приватност на обвинетиот, произнесувањето на докторите беше направено зад затворени врати. Како што информираше подоцна судијката Лидија Петровска, Поповски на денешното рочиште доставил и ново боледување.

Докторите побарале дополнително време со цел да ја проучат медицинската документација на Поповски, за да можат да се произнесат по истата./24 Vesti