Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25, поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која беше закажана за утре, 14 јануари 2026 година, се одложува. Одлуката е донесена по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска.
Од Судот појаснуваат дека барањето е поради тоа што адвокатката е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па за да се овозможи ангажирање на нов бранител и негово запознавање со предметот, расправата се отповикува.
Судењето ќе продолжи на следниот утврден термин, на 26 јануари 2026 година во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово.
Заради економичност во постапувањето, странките веќе се известени за отповикот на утрешната расправа.
Соопштението го издаде Основниот кривичен суд Скопје.