Се одложува враќањето на Клеј Томпсон?

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Кошаркарот на Голден Стејт Вориос, Клеј Томпсон, првично требаше да се врати од повреда за католички Божиќ, но тоа во меѓувреме беше одложено.

Враќањето на еден од најдобрите играчи во НБА лигата се очекуваше пред Нова година, а потоа беше закажан 3 јануари и мечот со Мајами Хит како точен датум на неговиот прв меч по две години отсуство поради две последователни повреди.

Американските медиуми пренесуваат дека тој датум не е целосно отпишан, но дека е пореално да се види Клеј на паркетот на 9 јануари против Кливленд Кавалирс.

Клеј од неодамна работи со развојниот тим на Голден Стејт Вориорс, Санта Круз, одигра три натпревари во Г-лигата и од ден на ден ја подобрува својата подготвеност за да може да одговори на задачите на највисоко можно ниво.

Потсетуваме, последниот натпревар го одигра на шестиот натпревар од финалето на НБА лигата во 2019 година, кога заработи повреда на предните вкрстени лигаменти, а пред да се врати и да ја започне минатата сезона, доби нов пех во форма на Повреда на Ахиловата тетива.

Слични содржини