Се однесувала агресивно кон полицајци, откако пријавила дека е физички нападната со тврд предмет

од Nikola Popovski
268 прегледи

Полицијата утрово ја приведе 37-годишната Ј.Р. од Свети Николе.

Доцна синоќа жената била донесена во Градската болница, откако претходно се јавила во полицијата и пријавила дека била нападната во Центар. Рекла дека нападот го извршиле неколку лица со тврд предмет.

Кога полициските службеници дошле во болница за да и’ земат изјава, ја привеле за нарушување на јавниот ред и мир.

Од МВР велат дека жената агресивно се однесувала кон полициските службеници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.