Се огласи банката што сакаше да ја спроведе Суперлигата: Го признаваме поразот

од Nikola Popovski
348 прегледи

Банкарската корпорација ЈП Морган, која финансиски застана зад Суперлигата, се огласи по повод пропаѓањето на проектот.

„Јасно е дека погрешно проценивме како ќе се гледа овој бизнис од пошироката фудбалска заедница и како тоа може да влијае на нив во иднина. Ќе научиме од ова“, се вели во краткото соопштение.

Патем, ЈП Морган е банка основана во 2000 година со спојување на „Хемикал“ банка, компанијата „ЈП Морган“, банката „Чејс“ и компанија „Менхетен“. Оваа банка со седиште во Менхетн има претставништва ширум светот.

Како еден од најважните „играчи“ на светот во областа на инвестициското банкарство и финансиските услуги, ЈП Морган има статус на една од најголемите банки од ваков вид.

Голем број скандали се поврзани со оваа банка во периодот од 2008 година, поради што споменатата корпорација беше принудена да плати дури 30 милијарди долари казни и изгубени судски процеси од 2009 година, за кои има податоци на порталот „Violation tracker“.

Банката ја затвори финансиската конструкција за 12 клуба, но тие се откажаа под притисок на навивачите, управата, медиумите, УЕФА и ФИФА.

Слични содржини