Американскиот претседател Џо Бајден се чувствува добро откако денеска се сопна по скалите додека се качуваше во претседателски авион, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Карин Џин-Пјер.
Таа сугерираше дека силниот ветер во воената база Ендрус, близу Вашингтон, можеби допринел за падот, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
„Надвор е многу ветровито. Претседателот е 100 отсто добро“, одговори Џин-Пјер на прашањето за неговото сопнување.
Инцидентот се случил непосредно пред полетувањето за Атланта, каде Бајден треба да се состане со водачите на азиската заедница по пукањето во салоните за масажа во вторникот.