534
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е во болница, изјави денеска дека се надева дека наскоро повторно ќе биде активен.
Болсонаро е во болница од средата, кога пристигна од Бразил во Сао Паоло на лекување поради компликации што се појавија по нападот со нож пред скоро три години, објави „Ројтерс“.
По првичните загрижености дека му треба итна операција, лекарите сега велат дека неговата состојба се подобрува, а операцијата е помалку веројатна.
Болсонаро утрово на Твитер објави фотографија на која шета по ходникот на болницата.
„Повторно во акција. Божја волја!“, напиша тој.
„Направивме многу, но имаме уште многу да направиме за нашиот Бразил!“, потенцираше Болсонаро.